Инфо

Штрајк во „Луфтханза“, откажани 1.300 летови

Авиокомпаниите кои се во сопственост на „Луфтханза“ – „Свис“, „Аустриан“, „Еделвејс“ и „Брисел ерлајнс“ нема да бидат погодени од штрајкот.

четврток, 07 ноември 2019

Кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Луфтханза“ денеска и утре ќе штајкува поради што се откажани вкупно 1.300 летови, и тоа 700 денеска, а утре 600 летови. Откажани се голем број летови од Германија, меѓу кои и интерконтинентални од Франкфурт и Минхен.

Од дводневниот штрајк ќе бидат погодени околу 180.000 илјади патници.

Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од „Луфтханза“ да организираат штрајк, со цел да се издејствуваат повисоки плати и подобри работни услови за околу 21.000 лица вработени како персонал.

Авиокомпаниите кои се во сопственост на „Луфтханза“ – „Свис“, „Аустриан“, „Еделвејс“ и „Брисел ерлајнс“ нема да бидат погодени од штрајкот.

 

Содржината е прочитана 61 пати.