Инфо

ЕВН е новиот сопственик на Градската куќа

Објектот е купен за 12,7 милиони евра

вторник, 05 ноември 2019

ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа што ја градеше ексградоначалникот Коце Трајановски, откако вчера ја купи од Градот Скопје.

Како единствен понудувач на аукцијата, како што потврди грдоначалникот Петре Шилегов за порталот „Сакам да кажам“, ЕВН го купила објектот за 12,7 милиони евра, колку што изнесуваше почетната цена. Во наредните 15 дена ќе биде склучен и договорот.

Инаку, објектот наменет за градска куќа, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ започна да се гради во 2011 година. Првично беше проценето дека ќе чини 15 милиони евра, но подоцна со изведувачот „Бетон“ беше склучен дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада.

Градоначалникот Шилегов уште во септември наговести дека овој објект нема да го користи градската администрација, бидејќи, како што рече не ги задоволува условите, претесен е за бројот на вработените и е далеку од центарот на градот.

 

Содржината е прочитана 58 пати.