Бизнис вести

Шпаркасе банка и официјално стана сопственик на Охридска банка

Сосиете Женерал Групацијата, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и веќе не е нејзин сопственик

понеделник, 04 ноември 2019

И официјално е извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје. Шпаркасе банка од денеска е сопственик на Охридска банка откако ги купи сите акции на француската Сосиете Женерал, која беше досегашен сопственик на банката,

„Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) се стекна со 472.839 акции и 91,5733 отсто од гласачките права, додека, пак, Сосиете Женерал Групацијата ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и веќе не е нејзин сопственик“, се вели во соопштението.

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година.
 

Содржината е прочитана 51 пати.