Бизнис каталог

БИЗНИС КАТАЛОГ 2014/2

Пред Вас е Летното издание на Бизнис каталогот на Република Македонија кое оваа година се издава по осумнаесетти пат и го бележи своето полнолетство заедно со уште еден проект на Агенцијата „Марили“ – манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“. На страниците на каталогот поставена е репортажа од манифестацијата којашто се одржа на крајот на март месец, и којашто допринесе во овој број приматот на бизнис интервјуата да биде свртен кон жените. Успешните жени менаџери ги претставивме и од други области, како што е судството, со ексклузивното интервју со Претседателот на Врховниот Суд на РМакедонија, госпоѓа Лидија Неделкова, потоа со интервјуа на успешни менаџери на најзначајните културни манифестации во државата – „Охридско Лето“ и фестивалот „Манаки“, односно, интервјуа со госпоѓа Елизабета Јанкуловска и госпоѓа Лабина Митевска. Печатот кон женското менаџерство го заокружуваме и со наша успешна македонка надвор од границите на нашата земја која бележи исклучителни резултати во меѓународните бизнис води, односно, интервју со госпоѓа Бранка Славеска, генерален менаџер на „Карловачка Пивовара“.

Секако остануваме верни на нашиот најзначаен дистрибутер, ТАВ Македонија, којшто овој пат се претставува со ексклузивно интервју со господинот Сани Шенер, главен оперативен директор на ТАВ Холдинг. Каталогот е збогатен со содржини од природното, културното богатство на нашата земја со осврт на активностите на Министерството за култура, преку текстови за обновување на фасадите на културните институции низ државава. На страниците на ова издание зборуваме и за најновите креативни музички дела на еден од нашите најголеми музичари Кирил Џајковски, како и за турнеите што ги планира во летниов период. Во ова издание посебно се навраќаме на кањонот Матка со неговите убавини преку фотографија и текст, како и со содржина посветена на европското првенство во кајак на диви води, што летово се одржа токму на овој кањон. За тоа ни говори со свое интервју нашиот врвен кајакар, господинот Атанас Николовски.

Сите овие содржини го прават ексклузивно и единствено ова летно издание кое е атрактивно како за туристите, така и за бизнис елитата која ги добива сите информации за можностите и потенцијалите за инвестиции во нашата земја.

 
Содржината е прочитана 759 пати.