Инфо

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

понеделник, 04 ноември 2019

Бензните од ноќеса на полноќ ќе поскапат, а дизелот ќе поевтини, одлучи Регулаторнта комисија за енергетика. Според одлката, цената на бензините ќе се зголеми за половина до еден денар, а на дизел горивата ќе се намали за половина денар по литар.

Тоа значи дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 67,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар и еден литар ќе чини 70 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сега ќе изнесува 61,5 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува з аполовина денар и ќе се продава по 50 денари литар.

За 0,302 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 33,134 денари.
 

Содржината е прочитана 59 пати.