Бизнис вести

„Адора Иженеринг“ го зголеми уделот во Комерцијална банка

Градежната компанија купи нови 15.191 бични акции и ја зацврсти позицијата како најголем акционер во Банката

понеделник, 04 ноември 2019

Компанијата „Адора Инженеринг“ купи 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, соопшти Банката преку Македонска берза.

За купувањето нови акции по пазарна цена од 5.650 денари, градежната компанија на бизнисменот Ванчо Чифлиганец вложи 1,4 милиони евра и ја зацврсти позицијата како најголем акционер во Комерцијална банка. Со оваа трансакција Адора Инженеринг заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 245.347 обични акции, односно ќе има учество од 10,76 отсто во основната главнина на Банката.

 

Содржината е прочитана 48 пати.