Македонија

Објавен јавен повик за субвенционирање плински уреди во возилата

Ќе се субвенционираат до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари

петок, 01 ноември 2019

Министерството за економија денеска објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за вградување плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. За оваа намена се издвоени 15 милиони денари.

Како што се наведува во јавниот повик, ќе се субвенционираат до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари. Субвенционирањето ќе важи само за едно возило во семејство, а ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

На јавниот повик можат да се пријават сите сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, а барањата заедно со потребната документација може да се достават до Министерството за економија секој работен ден од 9,30 до 15 часот.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 2 декември.
 

Содржината е прочитана 70 пати.