Бизнис вести

Турски „Пурпласт“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2

Вкупната инвестиција во фабриката, во која ќе се произведуваат маски и пластични делови за автобусите на „Ван Хол“, како и за други брендови автобуси и камиони, ќе изнесува 12 милиони евра и ќе има вкупно 300 вработувања

вторник, 29 октомври 2019

Денеска во Владата каде беше потпишан договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2 каде турската компанија од автомобилската индустрија „Пурпласт“ ќе гради фабрика. Вкупната инвестиција во фабриката, во која ќе се произведуваат маски и пластични делови за автобусите на „Ван Хол“, како и за други брендови автобуси и камиони, ќе изнесува 12 милиони евра и ќе има вкупно 300 вработувања. Во првата фаза ќе бидат вложени пет милиони евра и отворени 100 работни места.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев соопшти дека „Пурласт“ во првата фаза ќе гради индустриски објект со површина меѓу 8.000 и 10.000 квадратни метри.

„Имаат свои четири фабрики во Турција, а ова им е прва фабрика надвор од Турција и во конкуренција од пет држави ја избраа Македонија. Во фабриката ќе произведеуваат компоненти што ќе ги извезуваат за најголемите автомобилски компании, на што сме горди,“ рече Анѓушев.

Турската компанија „Пурпласт“ е основана во 1980 година и произведува пластични делови за автомобилската индустрија, меѓу кои и за „Мерцедес“, Бе-Ем-Ве, „Форд“, „Волво“, МАН и други.

„’Пурпласт’ извезува во 38 држави со 500 вработени. Нашата фабрика во Скопје ќе биде главниот хаб за сите клиенти во Европа, како ‘Мерцедес’, ‘Сканија’“, Бе-Ем-ВЕ, ‘Фиат’… ‘Ван Хол’ е важен клиент лоциран во Скопје и има околу милион евра извоз и со фабриката во Скопје се надеваме дека ќе продолжиме со ваквиот тренд. Ќе ни биде драго да ја прославиме нашата 40-годишнина со отворање на фабриката во Скопје“, рече извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмет Шишманоглу.

 

Содржината е прочитана 52 пати.