Интервјуа

Интервју со господин Сани Шенер, претседател и генерален директор на ТАВ Аеродроми

Историски и културолошки, Македонија е дел од Европа и само е прашање на време кога таа ќе ги исполни политичките, економските и социјалните критериуми за целосно да се приклучи кон Европската унија.

понеделник, 25 август 2014

Македонија претставува нов пазар и од самиот почеток верувавме во потенцијалот што го има оваа земја. Македонија, лоцирана во срцето на Балканот, е капија кон Европа, и ова е значајно за нас од економски и од социјален аспект. Аеродромите се долгорочни инвестиции. Досега бевме успешни во остварувањето на бројките што ги предвидовме но, лично, сметам дека сè уште имаме многу простор за растеж во Македонија. Во тесна соработка со владините органи, секторот за туризам и со други заинтрересирани субјекти, работиме напорно на етаблирање на Скопје како регионален центар.

Охрид е единствено место со својата совршена средина и пејзаж. Ние напорно работиме на зголемување на бројот на патниците и на летовите кон Охрид во соработка со локалните власти, туристички агенции и тур-оператори од Македонија и од странство. Во блиска иднина ќе има повеќе редовни летови од Охрид кон различни европски дестинации.

 

МАРИЛИ: Господине Шенер, како главен извршен директор на ТАВ Холдинг и претседател на бордот на директори, лично се заложивте да инвестирате и градите аеродром во Скопје, која беше Вашата визија? 
ШЕНЕР: 

Холдингот ТАВ Аеродроми, кој се наоѓа меѓу водечките аеродромски оператори во светот, управува со 13 аеродроми во седум држави. Во март 2014 година нашата понуда беше избрана за најдобра во наддавањето за управување со аеродромот Милас-Бодрум во Турција, за период од 20 години. Преку своите подружници, ТАВ Аеродроми функционира во сите сфери на аеродромското работење како што се услуги на бесцаринска зона, услуги на обезбедување храна и пијалоци, услуги на земја, информатичка технологија, безбедност и операции. ТАВ, заедно со своите подружници, во 2013 година обезбеди услуги за околу 652 илјади авиони и 85 милиони патници. 
Ние управуваме со двата аеродрома во Македонија и тие ни се важни. Македонија и Турција имаат развиено длабоки историски врски, ние сме географски блиску, и имаме културна истоветност и административни сличности. Македонија претставува нов пазар и од самиот почеток верувавме во потенцијалот што го има оваа земја. Македонија, лоцирана во срцето на Балканот, е капија кон Европа, и ова е значајно за нас од економски и од социјален аспект. Аеродромите се долгорочни инвестиции. Досега бевме успешни во остварувањето на бројките што ги предвидовме но, лично, сметам дека сè уште имаме многу простор за растеж во Македонија. Во тесна соработка со владините органи, секторот за туризам и со други заинтрересирани субјекти, работиме напорно на етаблирање на Скопје како регионален центар.

МАРИЛИ: Аеродромот „Александар Велики“, кој беше изграден од страна на Вашата компанија, ги дава очекуваните резултати и бројот на патниците рапидно се зголемува. Кои се вашите очекувања за иднината?
ШЕНЕР: Зголемениот број патници во Скопје се должи на инвестициите за развој на туризмот во Македонија, како и на различните владини стимули и наши маркетинг активности. Аеродромот „Александар Велики“ имаше значително зголемување на бројот превезените патници само во април годинава - зголемување од 42% во однос на истиот период минатата година. Во соработка со авионските компании воведовме голем број нови дестинации од Скопје - вкупно 27 дестинации ќе бидат опслужувани во оваа летна сезона во споредба со 15 во времето кога ТАВ ги почнуваше со работа во 2010 година. Со комбинирани напори на поврзаните агенции, очекуваме овој двоцифрен пораст да се задржи и во иднина.

МАРИЛИ: Дали сметате дека Република Македонија има доволно стручен обучен кадар за да го опслужува аеродромот којшто е со зголемен капацитет и побарувања? Што се прави во оваа насока за едукација и за обуки на нов кадар?
ШЕНЕР: Македонија има образовано население, што е мошне важно во нашиот сектор со оглед дека аеродромското работење бара квалификувана работна сила. Како ТАВ секогаш го вреднуваме нашиот придонес кон земјите во кои работиме и создавање можности за вработување на локалните заедници е наш приоритет. Денес во ТАВ Македонија се вработени околу 650 лица.
Професионалниот и личниот развој на нашите вработени, исто така, за нас претставува клучно прашање. Нашето севкупно стручно знаење го собравме под „чадорот“ на ТАВ Академијата, која нуди обуки во повеќе области. Сите членови на нашиот персонал добиваат сеопфатна професионална обука во областите на нивните одговорности.

МАРИЛИ: Зошто сметате дека на Република Македонија и е потребен национален авиопревозник?
ШЕНЕР:
Авионскиот превоз е комплементарен бизнис. Авиокомпаниите, аеродромските оператори и производителите на авиони истовремено си конкурираат и меѓусебно соработуваат. Македонија мора да има национален оператор за да го зголеми бројот на патниците и понатаму да ја стимулира националната економија. Оваа улога во моментов ја има Туркиш Ерлајн со 14 неделни летови меѓу Скопје и Истанбул, како и евтиниот превозник Виз Ер, кој лета на различни европски дестинации. Сепак, национален авиопревозник дополнително би го зајакнал растежот на аеродромите во Македонија, создавајќи нови можности за патниците и за компаниите.

МАРИЛИ: Дали мислите дека на Република Македонија и е неопходен каргоаеродром? Дали постојат други решенија доколку тој не се изгради?

ШЕНЕР: Проектот за изградба на каргоаеродром во Штип сè уште е предмет на техничко испитување. Во моментов се преземаат метеоролошки испитувања (поврзани со влијанието на маглата, ветровите итн.) во регионот. Резултатите ќе откријат да ли проектот би бил економски оправдан или не.

МАРИЛИ: Како холдинг кој оперира со двата аеродрома во Македонија, дали сметате дека туризмот се промовира и развива според заложбите и плановите, кои се Вашите заложби во овој поглед?
  ШЕНЕР: Охрид е единствено место со својата совршена средина и пејзаж. Ние напорно работиме на зголемување на бројот на патниците и на летовите кон Охрид во соработка со локалните власти, туристички агенции и тур-оператори од Македонија и од странство. Во блиска иднина ќе има повеќе редовни летови од Охрид кон различни европски дестинации. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е добро подготвен за такво зголемување на распоредот на редовни летови. Исто така, Скопје е на пат да го врати статусот на туристичка атракција. Туризмот ќе има поголема улога во македонската економија и сите релевантни страни даваат сè од себе за да ја остварат оваа цел.

 МАРИЛИ: Најавивте оптимистичко размислување дека Македонија ќе биде дел од европското семејство. Од каде овој позитивен став? 
ШЕНЕР:
Сметам дека Македонија ги исполнила сите предуслови за економски процут: најдобра историја во Европа, два современи аеродрома, влада која им помага на инвеститорите и исклучителна геостратешка положба. Историски и културолошки, Македонија е дел од Европа и само е прашање на време кога таа ќе ги исполни политичките, економските и социјалните критериуми за целосно да се приклучи кон Европската унија.

МАРИЛИ: Како ја оценувате Македонија приватно, кога престојувате овде се чувствува ли менталитетот и пријателството на македонскиот народ?
ШЕНЕР:
Задоволни сме со нашиот однос со македонската Влада и со сите институции воопшто. Немавме никакви пречки при воспоставувањето на нашиот бизнис. Всушност, по нашата инвестиција, голем борј компании од Турција почнаа да покажуваат интерес за инвестирање во Македонија. Исто така, лично сум поврзан со Македонија уште од самиот почеток, а од луѓето во Македонија доживувам само пријателство и гостопримство.


 

Содржината е прочитана 526 пати.