Култура

Промоција на романот „Абафи“ на унгарскиот писател Миклош Јошика во „Матица“

Промоцијата ќе се одржи утре, 29 октомври во книжевниот салон на „Матица македонска“ на булевар „Климент Охридски“ во Скопје со почеток во 20 часот.

понеделник, 28 октомври 2019

Во рамки на одбележувањето на националниот празник на Унгарија, во вторник - 29 октомври ќе биде промовиран романот „Абафи“ на големиот унгарски писател Миклош Јошика. Промоцијата ќе биде во книжевниот салон на „Матица македонска“ на булевар „Климент Охридски“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Со овој чин издавачот и унгарската амбасада во Скопје заеднички го одбележуваат националниот празник на Унгарија. За делото, што го преведоа Велика Ширилова и Паскал Гилевски ќе говори писателот Раде Силјан, а свое обраќање пред присутните ќе има и амбасадорот на Унгарија во нашата земја, д-р Ласло Дукс. Извадоци од романот на унгарски и на македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на унгарците „Теледом“ од Скопје.

 

Содржината е прочитана 63 пати.