Бизнис вести

Просечната нето плата во август била 25.127 денари

вторник, 22 октомври 2019

Просечната месечна нето-плата по вработен во август 2019 година била 25.127 денари, што е за 3,8 отсто повеќе од платата исплатена истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС)..

Според ДЗС, зголемувањето е резултат на растот на просечната нето-плата исплатена во дејностите: здравство и социјална заштита за 10,9 отсто, во транспорт и складирање каде пораснала за 7,3 отсто и во дејноста информации и комуникации каде имало раст за 5,8 проценти.

Просечната месечна нето-плата исплатена во август е поголема од нето-платата исплатена во јули во секторите: информации и комуникации за 4,7 отсто, уметност, забава и рекреација за 3,5 отсто и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 отсто.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2019 година изнесува 37.322 денари.
 

Содржината е прочитана 64 пати.