Бизнис вести

Објавен нов тендер за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Првиот тендер беше пониште поради тоа што имаше само една понуда која го надминуваше предвидедниот буџет од 10 милиони евра

вторник, 22 октомври 2019

Јавното претпријатие за државни патишта објави нов, втор тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, откако го поништи првиот поради тоа што била доставена само една понуда која го надминувала предвидениот буџет од 10 милиони евра.

Заинтересираните градежни компании можат да ги достават своите понуди до 29 ноември, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач.

Автопатот од Скопје до границата со Косово во должина од 12,5 километри ќе го гради ЈП за државни патишта и е предвидено да чини над 110 милиони евра. Ќе се гради во две фази. Со првата фаза која ја опфаќа делницата од границата до селото Блаце долга 2 километри, планирано е да се изгради и клучката со која ќе се поврзе новиот автопат со локалниот пат за селото Блаце. Оваа фаза треба да заврши за 18 месеци.

Догодина треба да почне реализцијата на втората фаза која го опфаќа делот до Скопје, делница долга 10,5 километри и таа треба да се гради 36 месеци.

Изградбата на целиот автопат треба да заврши до 2023 година.
 

Содржината е прочитана 61 пати.