Бизнис вести

Доставени вкупно 44 понуди за фотонапонски централи

За понудени вкупно 27 мегавати инсталирана моќност, за фотоволтаици со инсталирана моќност од 0 до 200 КВ има 11 понуди, од 201-500 КВ има вкупно 10 понуди, од 501КВ до 1000 МВ се доставени 19 понуди, а од од 1МВ до 3 МВ се пристигнати 4 понуди

среда, 16 октомври 2019

На огласот за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште се пристигнати вкупно 44 понуда. Денес беше извршено јавно отворање на доставените понуди.

За понудени вкупно 27 мегавати инсталирана моќност, за фотоволтаици со инсталирана моќност од 0 до 200 КВ има 11 понуди, од 201-500 КВ има вкупно 10 понуди, од 501КВ до 1000 МВ се доставени 19 понуди, а од од 1МВ до 3 МВ се пристигнати 4 понуди.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев соопшти дека претходно на јавен повик за фотонапонски централи на државно земјиште се доставени 85 понуди за градење 35 мегавати. Ваквиот голем интересот, според Анѓушев е потврда за она што е направено како методологија и дека тоа дава резултати.

„Со оваа спроведена постапка за фотоволтаици на приватно земјиште и онаа претходно, за фотоволатици на државно земјиште, која е во фаза на евалуација, доаѓаат резултатите – во државава ќе се изградат над 62 МВ инсталирана моќност во фотоволтаици. Тоа се дел од оние 200 МВ што ветивме дека ќе ги направиме како Влада. Ова се првите 62 МВ и овие електрани ќе бидат, во споредба со она што досега е направено, наназад низ годините, кога се направени фотоволтаици од само 18 МВ, зголемување за трипати за само една година. Наредната недела ќе биде потпишан договорот ѕа изградба на фотоволтаична електрана од 10 МВ во Осломеј каде што инвестира ЕСМ, а би сакал да го најавам и проектот за 100 МВ на местото на Осломеј, термоелектраната во чија близина јагленот е исцрпен, а има трафостаница која е во можност да прими до 120 МВ електрична енергија. Ова ќе биде првиот пример за енергетска транзиција, односно претворање на стариот рудник во фотоволтаична електрана“, рече Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши оцени дека успешноста на овој јавен повик и големиот интерес на инвеститорите ја потврдуваат заложбата на Владата и на Министерството за промоција и поттикнување производство на електрична енергија од обновливи извори.

„Овој јавен повик е извонредна можност за сите граѓани, правни и физички лица да реализираат инвестиции во енергетски проекти, а со тоа да се зголеми и производството на електрична енергија од обновливи извори“, рече Бектеши.

 

Содржината е прочитана 80 пати.