Бизнис вести

Најнискиот минималец во регионот се исплаќа во Македонија

Минималната плата во земјава изнесува 203 евра, а во Словенија 667 евра

понеделник, 14 октомври 2019

Со минимална плата од 203 евра Македонија е убедливо на дното на листата земји од регионот, додека Словенија, пак, е на прво место со значително повисока минимална плата, која со 667 евра ја надминува и просечната плата во повеќето земји.

Според последните достапни податоци, по Македонија најмал минималец се исплаќа во Босна и Херцеговина каде вработените земаат 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора 222 евра.

Најниската плата во Србија во моментов изнесува околу 230 евра, но следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па од први јануари минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Во Хрватска, која покрај Словенија е единствената земја од поранешните југословенски републики која е дел од Европската унија, минималната плата изнесува 405 евра.
 

Содржината е прочитана 61 пати.