Инфо

Повелте на „Мастер Муабет“ за МБА програмите и постдипломски студии на Американ Колеџ

Настанот се одржува денеска со почеток во 17 часот во Three Kitchen and Bar

среда, 09 октомври 2019

Денес, среда, 9 октомври 2019 година, со почеток во 17 часот во Three Kitchen and Bar ќе се одржи настанот „Мастер Муабет“ во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Мастер Муабет има за цел детално да ги запознае заинтересираните со МБА програмите односно постдипломските студии кои ги нуди УАКС:
- Факултет за деловна економија и организациони науки
- Факултет за архитектура и дизајн
- Факултет за компјутерска техника и информатика
- Факултет за политички науки и катедра за психологија
- Факултет за странски јазици
- Факултет за правни науки

На настанот ќе имате прилика да се запознаете со алумните и дел од професорите на УАКС, но и секако да закажете информативен состанок.

Настанот е од отворен карактер и е бесплатен, но сите заинтересирани треба да се регистрираат на следниот линк бидејќи местата се ограничени. https://forms.gle/9KQh8x971DLu95yk8

За сите дополнителни прашања може да се обратите на networking@uacs.edu.mk или на телефонскиот број: + 389 (0) 2 2463 156


 

Содржината е прочитана 24 пати.