Македонија

Владата одобри 10.000 евра за клима инвертери

По 1.000 евра ќе добијат домаќинства во општините Битола, Кичево, Тетово и во Град Скопје за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди

среда, 09 октомври 2019

Владата одбри вкупно 10.000 евра за субвенционирање на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и во Град Скопје за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди. Со оваа одлука исто толкав број семејства ќе добијат 1.000 евра за набавка на нови клима инвертери.

Целта е да не се користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

„За остварување на оваа мерка Владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена“, се вели во соопштението од Владата.

Од таму нформираат дека е поканет Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор да номинира две граѓански еколошки организации кои ќе бидат вклучени во имплементација на мерката.
 

Содржината е прочитана 29 пати.