Бизнис вести

Светска банка го зголеми проектираниот раст во земјава на 3,1 отсто

За наредната година е проектиран раст од 3,2, а за 2020 од 3,3 проценти

вторник, 08 октомври 2019

Светска банка ја ревидираше стапката на економски раст за годинава во земјава од 2,9 на 3,1 отсто.

Во најновиот регионален извештај за состојбата со економите во земјите од регионот, СБ оценува дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај економскиот раст, додека кај другите држави е забележано забавување.

Како што беше посочено на денешната презентација на извештајот во Скопје, позитивни трендови за државава се очекуваат и во наредните години. Па така, за 2020 година е проектиран раст од 3,2 отсто, а за 2021 година 3,3 проценти.

Инаку, ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

 

Содржината е прочитана 19 пати.