Инфо

Горивата поевтинуваат од половина до еден денар за литар

понеделник, 07 октомври 2019

Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на горивата од половина до еден днар за литар. Според методологијата која Регулаторната комисија за енергтеика ја користи за пресметка, цените се намалуваат во просек за 0,75 пероценти.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 68,00 денари литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар. Со тоа литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 70,00 денари, а литар дизел ќе чини 62,00 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,50 денари литар, додека мазутот се намалува за 0,876 денари за килограм и ќе се продава по33,158 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 20 пати.