Бизнис вести

Банкротираше „Адриа ервејс“

Словенечката авиокомпанија поднесе барање за банкрот откако минатата недела ги откажа привремено сите летови

вторник, 01 октомври 2019

Словенечката авиокомпанија „Адриа ервејс“ објави банкрот и по 58 години го затвори бизнисот.

Во соопштението на компанијата се наведува дека на 30 септември 2019 година е покрената стечајна постапка пред Окружниот суд во Крањ. Судот има законски рок од три дена во кој ќе донесе одлука за отворање на постапката за банкрот.

„Постапката за прогласување на банкротот е покрената од страна на управата на компанијата“, соопшти „Адриа“.

Авиокомпанијата ги запре сите летови минатата недела поради, како што беше речено недостиг на пари и се обиде да го реши проблемот во рок од седум дена, но не успеа. Претходно, пак, „Адриа“ која од 2016 година е во сопственост на германскиот фонд „4К Инвест“, побара еднократна помош од 4 милиони евра од Владата на Словенија, но барањето беше одбиено.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија, Здравко Почивалешк изјави дека Владата ја разгледува можноста за основање нов национален авиопревозник кој би ја подобрил меѓународната поврзаност на Словенија по банкротот на „Адриа ервејс“.
 

Содржината е прочитана 60 пати.