МАКЕДОНИЈА

Од утре се укинуваат квотите за лекови и се воспоставува електронски систем

Граѓаните ќе можат да подигнат лек од било која аптека и во било кој ден од месецот. За постарите лица, децата и за сите оние кои нема да можат да ги подигнат лековите, тоа ќе може да го направи некој од нивното семејство

понеделник, 30 септември 2019

Од 1. октомври се укинуваат аптекарските квоти за лекови во целата држава и се воспоставува нов електронски систем. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да подигнат лек од било која аптека и во било кој ден од месецот, со што веќе нема да има потреба да се прават домашни залихи, бидејќи сега лековите ќе бидат достапни во текот на целиот месец.

„Од утре стартува нов систем за подигање на лековите, што ќе биде бенефит за сите - и за лекарите и за граѓаните и за аптеките. Лековите ќе се издаваат под еднакви правила, нема да има фаворизирање на дистрибуцијата на лекови“, рече Ден Дончев, директот на Фондот за здравство на деешната прес конференција.

Тој појасни дека препишувањето и издавање на лековите ќе се одвива со легитимирање на граѓаните и кај матичните лекари и во аптеките, а за постарите лица, децата и за сите оние кои нема да можат да ги подигнат лековите, тоа ќе може да го направи некој од нивното семејство.

Дончев најави дека за понатаму се подготвува нов електронски систем со кој во реално време ќе знаат кому е издаден лек.

„Ова е продолжување на пилот проектот што го почнавме во пет града во туристичките места, Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран, каде луѓето што одат на подолготраен престој ги трошеа квотите. Тој се покажа добар, бидејќи и жителите и туристите имаа достапност на лекови. Сега нема да има гужви и нетрпение и во амбулантите и во аптеките при издавање на лековите и ќе биде надминат оној психолошки момент да се прават домашни аптеки од страв дека ќе останат без лек“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа мерка е најчесто за повозрасните граѓани, но оти се однесува на сите. Тој појасни дека државата е финансиски ликвидна и стабилна и е зголемен приливот во буџетот на Фондот, па оотаму и одлукта за вакваа мерка која благопријатно ќе влијае и на граѓаните.
 

Содржината е прочитана 80 пати.