Интервјуа

Интервју со г-ѓа Ана Марија Вуковска, генерален менаџер на Хотел „Елса“

Хотел „Елса“ ќе организира предновогодишни коктели по желба на клиентите во зависност од тоа каков тип на забава би сакале, за колку луѓе, исто така на располагање им е и декоратер ако имаат посебни желби за декорирање на просторот или шведската маса.

среда, 03 декември 2014

Хотелот е лоциран на ул. Луј Пастер паралелно со улица Македонија, веднаш до новата зграда на Министерство за финансии. Хотел „Елса“ располага со 26 соби, спа центар (кој наскоро ќе се отвори), сала за состаноци, кафе-бар, салон за настани и прослави и вински бар, кој може да се изнајмува и како посебен простор со личен барменХотел „Елса“ е граден по најсовремени стандарди за енергетска ефикасност, а истовремено со идејата да биде уникатен хотел. Гостите во овој хотел ќе се чувствуваат како дома и ќе може да имаат на располагање најразлични услуги.

 МАРИЛИ: Откога постои Хотел „Елса“ , каде е лоциран и со што располага истиот?
ВУКОВСКА:
Хотел „Елса“ својата работа ја започна во далечната 1994 како ресторан со апартмани, а од оваа година Хотел „Елса“ ја започна својата работа како ребрендиран нов бутик-хотел во Скопје.
Хотелот е лоциран на ул. Луј Пастер паралелно со улица Македонија, веднаш до новата зграда на Министерство за финансии. Хотел „Елса“ располага со 26 соби, спа центар (кој наскоро ќе се отвори), сала за состаноци, кафе-бар, салон за настани и прослави и вински бар, кој може да се изнајмува и како посебен простор со личен бармен.
Хотел „Елса“ е граден по најсовремени стандарди за енергетска ефикасност, а истовремено со идејата да биде уникатен хотел. Гостите во овој хотел ќе се чувствуваат како дома и ќе може да имаат на располагање најразлични услуги. На гостите им се допаѓаат изненадувањата што им ги организираме и се многу задоволни кога можат да најдат многу услуги што не ги виделе на други места. Има голема побарувачка и за новите технологии, така што гостинот во секое време на располагање има лаптоп, таблет, мобилен, па дури и HDMI кабел.

МАРИЛИ: Фоајето на Хотел „Елса“ има прекрасен амбиент и заради бројните уметнички дела, слики, стауи. Од каде потекнуваат овие дела и од кои автори се?
ВУКОВСКА:
Фоајето на Хотел „Елса“ има уникатен амбиент во класичен бидермаер стил којшто е запазен и пропратен во сите простории на хотелот како и во собите. Уметничките дела се збир на колекција собирана подолго време, и вбројува дела на Бербер, Кондовски, Мартиноски и др. Статуите се дел од амбиентот и се дела на германскиот скулптор Алоис Мајер (Alois Mayer) и на францускиот скулптор Николас Мајер (Nicolas Mayer).

МАРИЛИ: За кои сѐ намени може да се користи фоајето, во кое има и пијано?
ВУКОВСКА:
Пијаното во фоајето на Хотел „Елса“ е дополнување на амбиентот во класичен стил. Фоајето поради својот уникатен и топол стил е барано за разни настани како коктел-забави, приватни и деловни дружења, но и за состаноци и семинари во малку поинаков амбиент. Фоајето има и посебен дел со камин за поинтимни состаноци и дружења.

МАРИЛИ: Имате интересна идеја да направите посебен дел за дружење во хотелот, пред сѐ за жените. Агенција „Марили“ ја поддржува оваа идеја и би ги поканиле жените менаџери кои ги избира на својата манифестација со долга традиција. Но, кажете ни Вие како го замислувате сето ова?
ВУКОВСКА:
Би сакала во Скопје да воведам една традиција која што постои одамна во многу земји, а потекнува од Англија. Таа традиција е наречена high tea и претставува една традиција на пиење чај, кафе или шампањ со послужени разни слатки на посебен начин, колачи и ладни сендвичи со намази, лосос, кавијар и пршута итн. Послужени околу 5 часот како што налага и традицијата. Ова е идеално време за дружење после работното време со лесна закуска и вкусни напитоци. Оваа традиција е доста популарна во многу хотели низ светот, така што мислам дека е одлично да се започне и кај нас, пред сѐ за дамите, но и за сите останати коишто сакаат едно поинакво искуство.

МАРИЛИ: Кои се можностите на Хотел „Елса“ да се користи за предновогодишни коктели, и како се подготвувате и за дочекот на Новата година?
ВУКОВСКА:
Хотел „Елса“ ќе организира предновогодишни коктели по желба на клиентите во зависност од тоа каков тип на забава би сакале, за колку луѓе, исто така на располагање им е и декоратер ако имаат посебни желби за декорирање на просторот или шведската маса. Музиката исто така е организирана по желба на клиентите.

МАРИЛИ: Кои се плановите на Хотел „Елса“ за идната 2015 година?
ВУКОВСКА:
Хотел „Елса“ како нов хотел има многу планови за идната 2015 година. Со нашата мисија како хотел којшто би сакал да биде поинаков и уникатен, гледаме во секој поглед да бидеме инвентивни и да ги правиме работите на поинаков начин. Имаме планови за соработки коишто ќе бидат реализирани во 2015, организирање на настани во склоп на Fashion Weekend Skopje, отворање на спа центарот, адаптирање на винскиот бар во Wine & Cheese Bar, каде што гостите, но и сите останати ќе може да дегустираат вина и сирења од целиот свет, но со акцент на македонските вина и сирења, поради странските туристи кои пред сѐ тоа го бараат, со специјализиран сомелиер во барот. Хотел „Елса“ ќе продолжи со спонзорства на културни настани како и веќе реализираната соработка со Виенски бал во Скопје. Моите идеи сами по себе нема да се реализираат ако го немам вистинскиот тим покрај мене којшто ќе ги гледа идеите и визиите на ист начин како мене. За да се постигне таа цел, ние сите работиме како едно семејство за да ја понудиме најдобрата услуга на нашите гости, односно квалитетот на нашата услуга и гостопримството се двигателот за нашиот понатамошен успех.

МАРИЛИ: Г-ѓа Ана Марија, Вие сте млад менаџер. Како се oпределивте да го водите токму овој вид на бизнис и имате ли посебни предизвици пред Вас на кои ќе им се посветите во наредниот период?
ВУКОВСКА: Интеракцијата со луѓето е најголемото задоволство во оваа работа. Се определив за овој бизнис затоа што ми претставува посебно задоволство да имам слобода да ги реализирам своите желби и идеи, и да уживам во својата работа и во комуникацијата што ја остварувам. Кога патувам добивам идеи насекаде и со задоволство ги имплементирам во мојата работа. Големо е задоволството кога гостите се задоволни и кога се враќаат повторно во нашиот хотел, веќе имаме и такви, иако од неодамна сме отворени. Имам многу идеи и предизвици коишто се надевам во иднина ќе бидат реализирани.



 

Содржината е прочитана 934 пати.