МАКЕДОНИЈА

„Денови на македонскиот мед“ на улица „Македонија“ во Скопје

четврток, 26 септември 2019

Од денеска до недела на улица „Македонија“ во Скопје се одржува 15. манифестација „Денови на македонскиот мед“ каде на поставените штандови ќе можат да се вкусат и да се купат мед, прополис и производи од мед.

Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение „Матица “ од Скопје, а покровители се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Град Скопје и Општина Центар.

Манифестацијата којашто се одржува под мотото „Козумирајте пчелни производи за убав ден и здрав живот“ е свечено отворена денеска, а во следните три дена производителите на мед ќе ги презентираат своите производи пред граѓаните и ќе информираат за благодетите на медот.

 

Содржината е прочитана 107 пати.