Бизнис вести

Прва заедничка активност WOMEN BOOK за 60 жени претприемачки од шест балкански земји

Работилницата за менторство ќе се одржи на 28 септември годинава во „Orange Inn“ во населбата Кисела Вода во Скопје

вторник, 24 септември 2019

Првата заедничка активност WOMEN BOOK за вкупно 60 жени претприемачки од шест балкански земји ќе се одржи на 28 септември годинава во „Orange Inn“ во населбата Кисела Вода во Скопје, (во близина на економското училиште „Васил Антевски Дрен“), со почеток во 11 часот.

„WOMEN BOOK“ е проект инициран од Балканската Асоцијација на Жени – Balkan Women Association (BWA). Станува збор за Асоцијација на шест земји од Балканот – Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, чија цел е да овозможи диверзификација на знаење, искуства, модели и иницијативи од сите земји со цел да се поттикне женското претприемништво.

„WOMEN BOOK“, всушност, е активност на создавање книга во која се содржани портфолијата на вкупно 60 жени од овие 6 држави, поточно по 10 жени претприемачки од секоја земја кои ја претставуваат сопствената лична бизнис приказна. Убавината на оваа книга, практично се состои токму во нејзината разновидност, бидејќи во неа се претставени бизниси од различни сектори што ги водат жени од различна етничка припадност.

На работилницата за менторство добредојде на гостите ќе им посака домаќинот Даниела Дабеска, директор на Македонскиот шелтер центар за правата на жените во Македонија, а ќе ги поздрават и Сања Мурати, директор на НВО дама/Балканска асоцијација на жени, Дафина Беќири, програмски менаџер и менаџер за грантови на Фондот за Западен Балкан (WBF) и Шкипе Брезница, програмски координатор на ХЕЛП.
На настанот ќе се разговара за идните планови, а предвидени се и две менторски сесии „Лице в лице“ со промена на улогите

Настанот е поддржан од WBF – Фонд за Западен Балкан за поддршка на заеднички проекти, а е кофинансиран од Здружението за германска соработка и ХЕЛП - здружение за помош и самопомош.

 

Содржината е прочитана 477 пати.