МАКЕДОНИЈА

Конкурс за средношколци за есеј „Зошто сакам да останам во Македонија“

Конкурсот што го распишува граѓанската иницијатива #СакамДаОстанам заедно со неколку компании од приватниот сектор трае до 31 октомври

понеделник, 23 септември 2019

Граѓанската иницијатва #СакамДаОстанам заедно со неколку компании од приватниот сектор распишува награден конкурс за средношколци за есеј на тема „Зошто сакам да останам во Македонија“.

На конкурсот можат да учествуваат сите среднишколци кои учат во средните училишта на територијата на Македонија во учебната 2019/2020 година.

Секој што е заинтересиран да учествува на конкурсот треба да напише есеј за тоа зошто сака да остане во Македонија. Есејот не треба да има повеќе од 700 зборови, треба да биде напишан во Word и да биде испратен најдоцна до 31 октомври 2019 година на следната маил адреса: sakamdaostanam@gmail.com.

Нема ограничување на бројот на испратени есеи, односно, еден средношколец може да испрати колку сака есеи.

Авторите на најдобрите три есеи ќе бидат наградени со лаптоп.

Нема посебни критериуми по кои ќе се бираат најдобрите, едноставно, есејот треба да им се допадне на членовите на комисијата. Подоцна есејот може и да биде објавен некаде, па затоа треба да содржи име и презиме, училиште, адреса, телефонски број и име на менторот, доколку има.
 

Содржината е прочитана 105 пати.