Бизнис вести

Ќе се печатат нови банкноти од 10 и од 500 денари со новото име

Треба да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија

четврток, 19 септември 2019

Народната Банка склучи договори за набавка на нови 10 и 500 денарки. Новите банкноти ќе имаат ист дизајн, а единствено ќе биде сменето името на Народната банка.

„Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат“ стои во склучените договори.

За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари Народната банка ќе плати 971.000 евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587.000 евра. Банкнотите ќе се печатат во Обединетото Кралство и во Франција.

Парите ќе се заменуваат постепено, односно со повлекувањето на оштетените парчиња, а целиот процес треба да трае неколку години.

 

Содржината е прочитана 76 пати.