Култура

Град Скопје го објави Јавниот повик за финансисрање проекти од културата

Јавниот повик кој е објавен на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk и во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ е отворен до 18.10.2019 година, односно 30 календарски денови од денот на објавувањето

среда, 18 септември 2019

Град Скопје денеска го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата кои се од интерес на Градoт за 2019 година.

Со повикот Градот доделува финансиска поддршка на проекти, манифестации и активности од сферата на културата во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување и тоа од областа на изведбени уметности, на музички уметности, потоа од областа на визуелни уметности и уметност на новите медиуми, од издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство и од областа на меѓународна соработка.

На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.

Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат и како што сенаведува „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“ , а што се дадени во прилог на Јавниот повик.

Јавниот повик е објавен на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk и во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“. Повикот е отворен до 18.10.2019 година, односно 30 календарски денови од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на официјалниот веб портал на Град Скопје

Заинтересираните за учество треба да се пријават во електронска форма на следниот линк http://www.skrati.mk/kultura.

Дополнителни информации може да се добијат на телефоните:
02/ 3297-324, 02/ 3297-289, 02/3297-243 и на следната мејл адреса kultura@skopje.gov.mk.

 

Содржината е прочитана 83 пати.