Интервјуа

Интервју со г-ѓа Индира Кастратовиќ, тренер на ЖРК „Вардар“

Најбитно е кога на терен ја чувствувате публиката која извикува „Македонија, Македонија“. Сега на моите девојки кога играме им кажувам, кога сме тука ова е наш терен, ова е наша публика која е дојдена за да биде седмиот играч.

понеделник, 12 јануари 2015

Тука сум веќе 21 година. Кога бев во екот на мојата слава имав понуди од цела Европа, но јас себеси се најдов тука и мислам дека парите не се сѐ, зошто и после ракометот има живот. Воопшто не сум згрешила, овде е мојот дом, мојата фамилија тука се чувствувам како дома. Тука луѓето ме прифатија како своја и јас ги прифатив како мои, затоа се чувствувам како дома.

Најбитно е кога на терен ја чувствувате публиката која извикува „Македонија, Македонија“. Сега на моите девојки кога играме им кажувам, кога сме тука ова е наш терен, ова е наша публика која е дојдена за да биде седмиот играч. За нас спортистите битно е да се наполни салата и да има луѓе за да нѐ бодрат, публиката е најбитна алка во целата наша приказна. Македонската публика е најдобрата.

Марили: Г-ѓа Кастратовиќ кога се споменува Вашето име секогаш Ве поврзуваме со ракометот. Што значи да се биде синоним за спорт кој е најактуелен во државава и каков е Вашиот коментар по оваа констатација?
Кастратовиќ:
Долги низ години ме гледаат како легенда во македонски женски ракомет, а јас не се чувствувам така, јас пред сѐ сум жена која ја работела својата работа најдобро што знае. И така секогаш и ги сфаќам работите. Ова е само моја работа, ракометот е она што најдобро го знам и мислам дека сум дала максимум. Моето име се спомнува секогаш, затоа што долги низ години сум во Македонија и навистина се чувствувам како дел од Македонија, како еден член од ова големо семејство и мислам дека луѓето го чувствуваат тоа и така ме прифаќаат.

Марили: А констатацијата дека е сепак ова најактуелниот спорт во државава?
Кастратовиќ:
Отсекогаш, откога сум јас дојдена овде во Македонија ракометот беше и е спорт број 1. Во еден период беше женскиот, сега е малку повеќе машкиот, ама секогаш ракометот е спортот којшто е зачудувачки, мислам дека само во Македонија е спорт број 1 во сите други држави тоа се фудбал и кошарка. Се надевам дека многу долго ќе остане спорт број 1.

Марили: На што се должи тоа?
Кастратовиќ:
Можеби на парите, финсансиите, можеби се склопиле повеќе околности. Господин Трифун Костовски прв дојде и ја зема женската екипа и мислам дека тогаш почна подемот, тогаш во Македонија почна ракометот да расте, женскиот па машкиот. Мислам дека е тоа најголема причина, а и во ракометот помалку треба да се вложува отколку во фудбалот кој секаде во светот е број 1. Таму треба многу повеќе финансиски за да се постигнат подобри резултати.

Марили: Кои беа посреќни времиња за ракометот, тогаш кога бевте играч или денес кога сте тренер?
Кастратовиќ:
Па добро, и двете времиња се различни, не можам да кажам кое е подобро, во секое време има некои убави и некои лоши работи, тоа е нормално.
Ова време е убаво затоа што имаме спортски сали како што е „Јане Сандански“. Оваа сала има добри европски услови. Ние, кога трениравме во „Кале“ беше многу ладно, ракометот тогаш беше можеби малку поинаков од сега, но сѐ на сѐ беше мојата љубов, мојот живот.

Марили: Родени сте во Босна и Херцеговина, а сте најдобрата македонска ракометарка на сите времиња. Како успеавте да создадете кариера далеку од дома, а да се чувствувате како дома?
Кастратовиќ:
И во првото прашање спомнав дека навистина се чувствам како дел од Македонија. Тука сум веќе 21 година. Кога бев во екот на мојата слава имав понуди од цела Европа, но јас себеси се најдов тука и мислам дека парите не се сѐ, зошто и после ракометот има живот. Воопшто не сум згрешила, овде е мојот дом, мојата фамилија тука се чувствувам како дома. Во Босна одам еднаш годишно зашто е далеку, а имам обврски но моите доаѓаат често. Мислам дека ние Босанците и Македонци сме многу слични народи не постои голема разлика. Тука луѓето ме прифатија како своја и јас ги прифатив како мои, затоа се чувствувам како дома.

Марили: Ја завршивте професионалната кариера во 2006 година, а денес сте тренер на женската ракометна екипа Вардар СЦБТ од Скопје. Градот Скопје Ви ја додели наградата за најдобар спортски тренер за 2014 година, а на Вашата екипа ЖРК „Вардар“ за најдобра за 2014 година. Колку Ви значат овие награди по изминатата напорна година?
Кастратовиќ:
Наградите се секогаш убави, убаво е чувството кога ти даваат, ти доделуваат награда, кога знаеш дека за својата работа добиваш нешто, дека сите го забележуваат тоа. Ова е само поттик за подобро и за посовесно работење. Млада сум во овие тренерски води, ама се надевам дека од година во година ќе учам многу и ќе напредувам и дека ќе има сѐ повеќе и повеќе добри резултати. Нормално е дека е убаво кога се земаат награди, ама јас имам своја работа и морам да се фокусирам на тоа, а со самото тоа ако добро работам ќе дојдат и резултатите и наградите од Македонија. Сѐ уште е голем предизвик да се биде тренер има многу за учење и многу за давање.

Марили: За својот сопруг ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ ќе кажете дека е Вашата Ахилова пета. Дали енергијата и поддршката ја добивате токму од него?
Кастратовиќ:
Секогаш ми беше голема поддршка и Ахилова пета. Сега мојот сопруг е во Катар, зошто таму е тренер. На почетокот размислував дали можам да ја работам оваа работа, но тој секогаш ми кажуваше – ти можеш да ја работиш секоја работа. Го прифатив овој голем предизвик и мислам дека не погрешив. Тој е оној со кој секогаш кога ми е тешко прво ќе направам муабет, секогаш е со мене и секогаш е мојата најголема поддршка.

Марили: Колку е важно да имате разбирање од сопругот, и тој да биде од таа фела, да беше можеби од друга област со друга кариера, немаше да има такво разбирање?
Кастратовиќ:
Многу е важно. Да не е спортист не би имал такво рабирање. Нашата работа е поразлична има големи одрекувања. На пример, ќе отидам 10 – 15 дена и ме нема, не одам класично од 8 до 4 часа на работа па да бидам дома. Тренинг наутро, па доаѓам дома, па состаноци, па... можеби ако е тој во друга професија не би можел тоа да го разбере, но бидејќи и двајцата сме во иста професија, свесни сме дека е тоа она што најдобро го знаеме и затоа има толкаво разбирање. Во брак сме веќе 21 година самото тоа кажува дека се поддржуваме и дека сме како едно.

Марили: Колку е важно за еден спортист да има поддршка?
Кастратовиќ:
Јас мислам дека е тоа најбитно. Јас секогаш кога доаѓам дома од тренинзи знам дека дома имам фамилија, дека имам нешто свое, свое катче каде можам и ако ми е тешко да се исплачам и ако ми е супер да прославам со него. Луѓето, не само во оваа туку во секоја професија, кога имаат поддршка го имаат најголемото богатство.

Марили: Колку е за спортистите, независно дали мажи или жени важна љубовта, оти велат дека спортистите се луѓе што работат од срце, прво од срце па после е сѐ друго, колку е тоа навистина така?
Кастратовиќ:
 

Така е. Кога почнав да се бавам со спорт, воопшто не размислував за пари. Навистина се работи од љубов, малку играчи заработуваат многу, кога сакаш нешто со голема љубов стануваш сѐ подобар и подобар, поквалитетен, а потоа доаѓа и финансискиот профит. Но, прво и основно е љубов кон спортот и кон ракометот. Ние, спортистите сме малку поразлични, од причина што не може секој да се бави со спорт. Не може секој да излезе на терен и да го даде свое срце и душа. Знам дека има и критики, но кога ќе излезам на терен не размислувам ни која сум ни што сум, туку таму го давам срцето, давам максимум за луѓето кои доаѓаат на трибините да навиваат и се нашата поддршка.

Најбитно е кога на терен ја чувствувате публиката која извикува „Македонија, Македонија“. Кога игравме во „Кале“ никој не можеше да нѐ победи. Сега на моите девојки кога играме им кажувам, кога сме тука ова е наш терен, ова е наша публика која е дојдена за да биде седмиот играч. За нас спортистите битно е да се наполни салата и да има луѓе за да нѐ бодрат, публиката е најбитна алка во целата наша приказна. Македонската публика е најдобрата.

Марили:Ја имате Вашата ќерка Сара, една прекрасна „обврска“. Дали и Сара ќе тргне по патеките на мама и тато?
Кастратовиќ: Не, никако со спорт. Сара од почеток почна со балет, сега е со хип-хоп, така што ракометот во ниеден момент не ја интересира. Можеби сум и среќна поради тоа, јас сум таа која треба да ѝ го покаже вистинскиот пат, но што и да одбере ќе бидам таа која ќе ја насочува да оди по добри патеки. Не сакаше ракомет, можеби и поради таа причина што јас бев многу отсутна, имав повреди и операции. Можеби поради тоа што го гледаше кога беше мала, не се оптеретувам, не сака - не мора. Сара сега има 13 години. Таа е татина маза и е дете кое има разбирање, кое знае кога е доста, кога може кога не може, дисциплинирана е. Најверојатно затоа што сме ние спортисти, а за нашиот успех и кариера најбитна е дисциплината, ако немаш дисциплинана не можеш да успееш.

Марили: Што очекувате од машката ракометна екипа во светското првенство во Катар, од машката ракометна репрезентација, какви резултати?
Кастратовиќ:
Па, се надевам дека машката ракометна репрезентација е подготвена, тие имаат една нормална група и мислам дека ќе поминат добро, а се надевам и мислам дека нашата репрезентација е подготвена да направи убав резултат во Катар и да нѐ израдува сите тука во Македонија, некои ќе одат, ќе уживаат таму, а ние покрај малите екрани ќе бидеме горди што сме Македонци. Мислам дека се добри и очекувам добар пласман.

Марили:

 Кои се Вашите желбите и плановите за Новата 2015 година на професионален и личен план?
Кастратовиќ:
Здравје, среќа и љубов – во мојот приватен живот, а во мојот професионален да направиме еден чекор повеќе од минатата година. Знаат луѓе што е тоа. Имам добар тим, кој може да постигне добри успеси. Во 2015 имаме наша лига на шампиони, не на репрезентивен план, туку да стигнеме до „final four“ и да направиме таму чекор повеќе. На читателите да им порачаме да бидат со нас и со овој спорт, да навиваат за машкиот и женскиот ракомет.


 

Содржината е прочитана 497 пати.