МАКЕДОНИЈА

Пренасочен сообраќајот на патот Прилеп -Битола

вторник, 17 септември 2019

Сообраќајот на делницата Прилеп-Битола кај Технолошко индустриската зона Прилеп од денеска па во следните три месеци ќе се пренасочува на регионалниот пат. Причина за пренасочувањето е извршување на градежни зафати.

„Фабрика ’Карпош’ – АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци“, се вели во информацијата од АМСМ.

 

Содржината е прочитана 107 пати.