Бизнис вести

Семос едукација прва акредитирана институција за постсредно образование за графички дизајнери

За прв пат во Македонија, Графички дизајнер со акредитирана диплома на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации. Ова е единствена акредитирана образовна институција од ваков вид во државата, каде студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн, ќе добијат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

петок, 13 септември 2019

 Семос Едукација стана првата акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации. Ова е единствена акредитирана образовна институција од ваков вид во државата, каде студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн, ќе добијат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

 

“Среќни сме и задоволни што долгогодишниот вложен труд, конечно се исплатеше. Низ изминатите години, несебично го инвестиравме сето свое знаење, искуство, желба и амбиција со цел нашите студенти да ја добијат заслужената потврда на своето знаење. Посебна заслуга за развој на наставната програма имаат и нашите долгогодишни професори кои со својата експертиза допринесоа оваа програма да вклучи практични знаења и вештини кои се тесно поврзани со барањата на бизнис заедницата. Со оваа рамка на квалификации предвидено е за 550 часа да се добијат 60 ECVET кредити за една академска година. По успешна реализација на наставата, кандидатите полагаат теоретски и практичен специјалистички испит. Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука е новитет во Македонија, согласно реформите кои се спроведуваат во образованието, и има за цел поголема мобилност на стручните кадри и полесна интеграција на државата во ЕУ.” – изјави Ангелина Канчевска.

 

“Квалификацијата Графички дизајнер, содржи основни и специјалистички единици кои што ги покриваат аспектите на знаење, вештини и компетенции потребни за извршување на работните задачи. Целта е да се обликуваат кадри кои ќе бидат конкурентни на пазарот и полесно ќе се интегрираат на работните места. Оваа квалификација подразбира не само техничко познавање на најновите компјутерски софтвери кои им помагаат за реализација на графичките решенија туку и познавање на методологијата на дизајнирање и развој на идеи, познавање на ликовни и естетски принципи како и развој на критичко и креативно размислување, логика и анализа.“ - изјави професорката м-р Даниела Спасева, координатор на програмата за графички дизајн во Семос Академијата.

 

УПИСИ 2019/2020

Уписите на Семос Академија за графички и веб дизајн се во тек а наставата почнува на 16 септември 2019 година.

На Академијата можат да се запишат:

кандидати со завршено IV ниво од Националната рамка на квалификации
кандидати со завршено VI и VII ниво од Националната рамка на квалификации за стекнување стручна квалификација (преквалификација или доквалификација)
Во 2020 година, Академијата отвара 3 испитни сесии за полагање на специјалистичките испити - јануари, мај, септември. Во овие испитни сесии може да се пријават и студентите од претходните генерации.

Семос Едукација е првата институција во Македонија која ги издаде двете јавни исправи т.е. квалификации за Графички дизајнер и Веб дизајнер како установа за постсредно образование.

Содржината е прочитана 208 пати.