Инфо

Во четврток ќе се прска против комарци во Скопје

понеделник, 26 август 2019

Градот Скопје информира дека во четврток во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. На истиот датум, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
 

Содржината е прочитана 31 пати.