Инфо

Денеска почна со наплата патарината Смоквица - Гевгелија

Цената за патарина во еден правец изнесува 100 денари за автомобил, 60 за мотоцикл, 160 за комби возило, 290 за камион или автобус и 430 за влекач

понеделник, 26 август 2019

Од утринава започна со наплата патарината на автопатската делница Смоквица - Гевгелија. Цената за патарина во еден правец изнесува 100 денари за автомобил, 60 за мотоцикл, 160 за комби возило, 290 за камион или автобус и 430 за влекач. Доколку се плаќа во евра, тогаш цената е 2 евра.

На наплатната станица кај Смоквица има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија, односно, кон Грција и исто толку кон Скопје. Таа е обележана со потребната сигнализација и на неа е инсталирана опрема за наплата во готово и со картички.

Ставањето во функција на ова патарина се случи откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.

Освен кај Смоквица, патарини на автопатот Гевгелија - Скопје има и кај Градско, Сопот и Петровец.
 

Содржината е прочитана 45 пати.