Македонија

Намалено ДДВ кај одредени лекови и кај топлинската енергија

среда, 21 август 2019

Владата вчера усвои предлог-одлука со која се намалуваат цените на одреден број лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5 отсто за топлинска енергија за греење.

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.
 

Содржината е прочитана 51 пати.