Македонија

Просечната плата во јуни 25.205 денари

вторник, 20 август 2019

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јуни 2019 изнесувала 25.205 денари, или 409 евра и е за 4,1 отсто поголема од платата исплатена во јуни минатата година. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во јуни 2019 година во однос на јуни 2018 година изнесува 104.1, објави Државниот завод за статистика

Податоците на ДЗС покажуваат дека највисоко зголемување на платите имале секторите: здравствена и социјална заштита (11,7 %), транспорт и складирање (10,3 %) и градежништво (5,4 %).

Највисок просек на плата имаат вработените во дејностите компјутерско програмирање и консултантски услуги каде во јуни била исплатена просечна плата во висина од 60.027 денари, односно, 976 евра.

Најниска плата, пак, имаат вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа која изнесувала 15.086 денари или 245 евра.

Просечната бруто-плата во јуни 2019 година изнесувала 37.440 денари.

 

Содржината е прочитана 44 пати.