Бизнис вести

Заврши средбата во Приштина, забраната за увоз на македонски компир во Косово отанува

Договорено е до петок косовската Агенција за храна и ветеринарство да испрати извештај до македонската Агенција за храна и ветеринарство со анализа на соодветната програма за следење на производите на риба и на рибини јајца од Косово, по што Македонија ќе донесе одлука

вторник, 20 август 2019

Засега нема да биде укината забраната за увоз на македонски компири и мед во Косово. Заврши средбата во Приштина на македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши со косовскиот министерот за трговија и индустрија, Ендрит Шала, на која се разговарало за можноста за укинување на забраната.

Двајцата министри се согласиле до петок Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово да испрати извештај до македонската Агенција за храна и ветеринарство со анализа на соодветната програма за следење на производите на риба и на рибини јајца од Косово

Косовскиот министер рекол дека само откако ќе се отстранат бариерите за увоз на риби, може да се укине реципроцитетот за увоз на македонскиот мед и компир во Косово.

Министерот Бектеши, пак, потенцирал дека одлуката ќе биде донесена откако ќе бидат обезбедени доказите за мониторинг од косовската агенција за храна. Притоа уште еднаш појаснил дека се преземени вакви мерки против сите држави кои не обезбедуваат документи за квалитетот на рибата и не ги исполнуваат стандардите што ги бара земјава, а се во согласност со стандардите на ЕУ.

 

Содржината е прочитана 63 пати.