Бизнис вести

Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

вторник, 20 август 2019

Никола Поповски е нов в.д. главен извршен директор и член на Управниот одбор на Македонска банка за поддршка на развојот, информира Банката преку Македонска берза.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски, кој оваа функција ја извршуваше во претходните три месеци.

Покрај Никола Поповски, член во УО на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и в.д. главен оперативен директор.
 

Содржината е прочитана 153 пати.