Бизнис вести

Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

вторник, 20 август 2019

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари, што е за 345,1 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000 денари, што е за 88,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на проектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и во Бугарија.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 74 пати.