Бизнис вести

Македонија падна за 15 места во однос на странски инвестиции за две години

Во 2016 година нашата земја беше на третото место, а во 2018 се најде на 18 позиција на ранг листата за успешност на гринфилд инвестиции

петок, 16 август 2019

Пад од 15 места за 2 години во нивото на странските инвестиции покажува индексот за успешност на британскиот весник „Фајненшл тајмс“. 

Во 2016 година нашата земја беше на третото место, а во 2018 се најде на 18 позиција на ранг листата за успешност на гринфилд инвестиции.

Од Владата велат дека Фанјненшал тајмс во целост не ги објавил сите информаци поврзани со странските инвестиции на земјите наведени на ранг листата

„Податоците за странски директни инвестиции објавени од ’Фајненшел тајмс’ се однесуваат на гринфилд инвестиции кои се дел од севкупните странски инвестиции што се влезени во земјава и рангирањето е извршено по бројот на инвестциски проекти, а не по вредност и обем на инвестициите (евидентирани се 10, без да се наведува нивната вредност). Дополнително, податоците во индексот се користени од FDI Markets и ги исклучуваат инвестициите во малопродажба“, се вели во реакцијата на макдеонската Влада.

На прво место според директни странски инвестиции во 2018 се најде Србија, на второ е Црна Гора. Од земјите од регионот, Босна и Херцеговина е на 15 место, а Бугарија на 17 место. На последното место од 50 рангирани земји во светот, е Шпанија.


 

Содржината е прочитана 79 пати.