Бизнис вести

ЗК „Пелагонија“ ја продава гасната централа во Логоварди

Почетната цена за продажба е 6,7 милиони евра

петок, 16 август 2019

ЗК „Пелагонија“ ја продава гасната централа во Логоварди, која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија од биогас, објави компанијата на сајтот на Македонска берза. Компанијата ги продава сите удели во оваа централа за производство на струја.

Почетната цена за продажба е 6,7 милиони евра.

Гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година.

Цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.
 

Содржината е прочитана 38 пати.