Бизнис вести

Пад на прометот во индустријата на месечно ниво

четврток, 15 август 2019

Прометот во индустријата бележи пад на месечно ниво, додека расте на годишно ниво. Државниот завод за статстика денеска објави дека прометот на индустријата во јуни во однос на претходниот месец годинава се намалил за 7,5 отсто, а споредено со јуни лани за 4,7 отсто. Во првата половина од годинава, пак, во однос на истиот период минатата година се зголемил за 9,5 отсто.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2019 година во однос на јуни 2018 година е намален кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 5,3 проценти, кај Капитални производи за 5 отсто, кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6 и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни годинава е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец лани, но има раст од 0,3 проценти во првите шест месеци од оваа во однос на првот полугодие минатата година.

Паѓа прометот во индустријата и на странските пазари и во јуни оваа година е намален за 5,3 отсто, додека во периодот јануари - јуни годинава во однос на истиот период лани бележи раст од 12,6 отсто.
 

Содржината е прочитана 45 пати.