Култура

Започнува јубилејната 30. Ликовна колонија Галичник

На колонијата која ќе трае до 22 август ќе земат учество 11 уметници од повеќе земји

четврток, 15 август 2019

Денес започнува јубилејната 30-та интернационална Ликовна колонија Галичник која ќе трае до 22 август. На неа ќе земат учество 11 уметници од повеќе земји и тоа: Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен од Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ од Србија, Софија Грегоријаду – Грција, Улф Лундин – Шведска, Даниел Дресел – Германија, Лин Куасаи – Англија, Хелидон Ѓерѓи – Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Македонија.

Сите учесници се современи визуелни уметници кои се занимаваат со транс и мултимедијална уметност.

Во знак на јубилејот, Ликовната колонија Галичник подготвува неколку активностиза времетраење на колонијата. На 16 и 17 август, со почеток во 19 часот во општинската галерија среде Галичник ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население, доближувајќи се до нив, на некој начин отстранувајќи ги границите на „неразбирливоста и апстрактноста“ на современата уметност и новите медиуми во уметноста. Во недела, пак, на 18 август, во 11 часот ќе биде анимирана и најмладата публика, едуцирајќи ја преку детска работилница со уметниците.
 

Содржината е прочитана 335 пати.