Бизнис вести

Аферите и скандалите ќе влијаат негативно на економијата

Експертите сметаат дека е потребно смирување на политичката клима, бидејќи лошата состојба секогаш лошо се одразува врз бизнисот

четврток, 15 август 2019

Политичките збиднувања во државата, скандалите и аферите за злоупотреба на јавни средства од страна на функционери ќе се одразат негативно врз економијата и даноците, констатираат експертите.

Даночниот експерт Павле Гацов смета дека е потребно смирување на политичката клима која негативно може да влијае на целата економска состојба и на плаќањето даноци.

„Во овој момент е добро да се смири политичката ситуација и да се вратиме на економијата како што треба, бидејќи лошата состојба секогаш влијае врз бизнисот и може да поттикне заобиколување на законските обврски“, вели Гацов.

И покрај тоа што во првото полугодие државата собрала речиси 20 милиони евра повеќе од граѓаните со примената на даночните реформи со кои повисок данок плаќаат ние што заработуваат повеќе, дури 85 проценти од грѓаните се незадоволни од начинот на кој државата ги троши парите собрани од даноци.

Економистите се согласуваат дека реформата на персоналниот данок на доход има придобивки, но сметаат дека државата мора да изнајде алатки да ги вовлече сите кои што се надвор од легалната трговија. Гацов вели дека и покрај повратот на ДДВ за граѓаните, сепак, суштинска причина за високиот процент на несобирање на потенцијалното ДДВ е сивата економија. Во таа смисла, треба да се следат искуствата од регионот.
 

Содржината е прочитана 72 пати.