Македонија

Димковски: Правиме се за да не дојде до зараза со „африканска чума“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски рече дека Сс брза реакција ќе бидат заштедени пари, бидејќи ако се остави заразата да биде со широки размери, ќе има катастрофални последици по буџетот

петок, 09 август 2019

Посакуваме и работиме да не се префрли „африканската свинска чума“ во земјава и трошиме пари за да не дојде до тоа, бидејќи на овој начин ќе се потрошат многу помалку пари отколку ако се случи, посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

„Доколку ни се случи таква состојба, мора да се делува брзо, без разлика на цената и средствата кои ќе се одвојат од буџетот. Со брза реакција ќе бидат заштедени пари, а ако се остави заразата да биде со широки размери, ќе има катастрофални последици по буџетот“, рече Димковски во одговор на прашање по денешното потпишување договори за набавка на приплоден добиток во Платежната агенција.

Прашан дали има фонд за обесштетување на земјоделците доколку дојде до уништување на фармите заради појава на „африканска чума“, Димковски рече дека никој не планира и не става пари во фондот за таква работа.

„Работиме да не дојде до тоа, но доклолку се случи таква ситуација, сигурно ќе се обештетат земјоделците. Сепак, целта не ни е да се обесштетат земјоделците и да се уништи сточниот фонд, односно свињите, туку превентивно да направиме се за да се заштитиме да не дојде до зараза“, рече Димковски.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 113 пати.