МАКЕДОНИЈА

Поради топлотниот бран бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа

Македонија е во портокалова фаза, па Министерството за труд и социјална политика апелира до правните сбјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство

петок, 09 август 2019

Поради топлотниот бран целата територија на Македонија ќе биде во портокалова фаза до 14 август годинава, па Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повика правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. Тоа, меѓу другото значи бремените жени и повозрасните од 60 години да бидат ослободени од работа.

„Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници, согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, се вели во соопштението на МТСП и се апелира Државниот инспекторат за труд да ги зголемеи контролите.

 

Содржината е прочитана 339 пати.