Инфо

Дизелот поскапува за половина денар, бензините по стара цена

понеделник, 05 август 2019

Бензините остануваат со иста цена, додека дизелот поскапува за половина денар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека и оваа недела Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по 71,50 денар за литар.

Литар Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе чини 62 денари, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари.

Малопродажната цена, на мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 1,163 денари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 111 пати.