Бизнис вести

Златен Даб Classic - ново пиво на македонскиот пазар

Најновиот бренд кој Прилепска Пиварница го лансираше по повод својот голем јубилеј – 95 години постоење, е со 100 отсто јачменов слад

четврток, 01 август 2019

По повод 95-годишниот јубилеј Прилепска Пиварница го лансираше својот најнов бренд Златен Даб Classic, оригинално македонско пиво со 100 отсто јачменов слад.

Златен Даб Classic претставува продолжување на стратегијата за развој на нови производи со кои Прилепска Пиварница планира да се претстави пред своите консументи во земјата, но и на странските пазари.

Златен Даб Classic е производ со нов, оригинален вкус карактеристичен за сите светски пива со 100 отсто јачменов слад, произведен по најсовремена технологија, во строго контролирани услови.

Новата атрактивна амбалажа има дизајн кој одговора на светските пиварски трендови и го прави Златен Даб Classic модерно пиво, направено по стари традиционални рецепти. Почнувајќи од денеска, Златен Даб Classic е достапен во сите поголеми маркети и угостителски објекти ширум земјата.
 

Содржината е прочитана 78 пати.