Бизнис вести

Работно лето во „Арс Луцида“ – август исполнет со работилници и курсеви

На почетокот на месецот ќе се одржи работилница „Реконекција со својата енергија“, на средина на месецот ќе има сертифициран Реики Курс – Ниво 1, а во последната недела од август работилница „SOUL HEALING“

вторник, 30 јули 2019

Иако летните одмори се во полн ек, ние во „Арс Луцида“ го користиме секој момент за да креираме новитети за сите кои сакаат да се посветат на личниот развој.

На самиот почеток од август, поточно на 8 август организираме кратка четиричасовна работилница „Реконекција со својата енергија“.

Дизајнирана е да ви даде основни знаења за сопствената енергија. Како да ги коригирате дисбалансите и да ја ревитализирате истата. Бројните едноставни и практични примени на суптилната енергија, можете да ги искористите за да го подобрите своето здравје, да ја зголемите својата виталност и да остварите позитивни промени во останатите области на вашиот живот на кои им е потребна дополнителна енергија!

Сите ние имаме вродена дарба за исцелување – нашето тело знае да се регенерира само, а еден од начините да му се помогне во тоа се прави со „положување на рацете“. Универзалната животна енергија илина тибетски Реикија хармонизира и доведува во баланс комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади.

Доколку сакате да ја совладате оваа алатка, од 17.08 до 18.08 во нашите простории на „Арс Луцида“ ќе се одржи Сертифициран Реики Курс – Ниво 1. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Користењето на Реики доведува до длабока опуштеност. Ќе можете да го користите за свој бенефит и бенефит на вашите блиски.

А, бидејќи екстремите се наше секојдневие, нешто во контекст на нивното балансирање. Екстремите се диктирани од многу слоеви, повеќе несвесни, отколку свесни содржини: емоции, мисли, кармички обрасци, душевни состојби. Нѐ возат на животниот rollercoaster, а ние и не знаеме дека се возиме. Уште повеќе, уживаме во возењето, мислејќи дека живееме. Како пинг понг топче се шалтаме помеѓу срцето и умот, и понекогаш, само понекогаш, ќе го чуеме тивкиот глас на нашата душа како извира од темните длабочини на креацијата.

И со прашањата:
• Дали знаете како да се оствари конекција со себе?
• Да се биде чист проводник, да се знае, чуе и оствари сопствената вистина?
ние во „Арс Луцида“ креиравме работилница која ќе ве подмести, исчисти и отвори за чувството на внатрешен мир, дури и восхит со самите себеси.

Ќе се вратите во својот дом.
Во своето срце.
Во себе, едноставно, SOUL HEALING.

Бенефити од работилницата:
• Ослободување од стрес
• Исцелување на сите нивоа
• Јасни увиди во личните животни искуства
• Концентрација, меморија и фокус
• Самодоверба, сила и храброст
• Внатрешен мир, спокојство и благосостојба
• Зголемување и стабилизирање на енергијата во системот
• Балансирање и хармонизирање
• Хармонија на мислите, емоциите и духот
• Фокус на животни решенија

Ве очекуваме на крајот од август (24-25.08) да ја направите најголемата лична трансформација со работилницата „SOUL HEALING“.

Бидете нежни. Имајте сочуство за себе. Бидете добри за себе и негувајте се. Почувствувајте го своето срце и дозволете од вас да се излива љубов и милост.

****************************

Без оглед од кој аспект пристапувате или која од методите кои ги пренесуваме во „Арс Луцида“ ќе ја применувате или која терминологија употребувате, суштински личниот развој се сведува на тоа да се познавате себеси, да се прифатите такви какви што сте, за во крајна инстанца да можете да се промените и трансформирате. Промената започнува од себе, па промената на околностите и на другите луѓе ќе следува како резултат на личната промена. Во целиот тој процес развиваме вештини, флексибилност и емпатија, што, всушност, и ја прави разликата.
 

Содржината е прочитана 44 пати.