Бизнис вести

Бектеши: „Македонските фирми ќе може да учествуваат на тендери во Европа“

До крајот на годината се очекува земјава да стане потписник на спогодбата со Светската трговска организација за учество на меѓународните јавни набавки

понеделник, 29 јули 2019

Македонските фирми од следната година ќе може да учествуваат на тендерите за јавни набавки распишани во 35-те земји членки од Европа во Светската трговска организација, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Тоа ќе биде нов предизвик за македонските фирми да бидат што е можно поконкурентни. Верувам дека до крајот на годината нашата земја ќе стане потписник на спогодбата со Светската трговска организација. Веќе разговарав со претседателот на оваа организација, Роберто Азаведо, кој ни пренесе дека ние веќе сме ги завршиле нашите подготовки“, појасни Бектеши.

Нашата држава досега не ги исполнуваше критериумите на СТО заучество на тендери и домашните компании немаа право да конкуриураат во јавните повици надвор од Македонија.

 

Содржината е прочитана 62 пати.