Инфо

Горивата неделава со непроменета цена

понеделник, 29 јули 2019

Нема промена на цените на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека оваа недела ќе се вози со цени исти како и досега.

Според тоа, литар бензин Супер 98 ќе се точи за 71,50 денари, Супер 95 за 69,50 денари, а Еуро дизел ќе чини 61,50 денари литар.
 

Содржината е прочитана 30 пати.