Инфо

Нова промена на сообраќајниот режим на мостот „Гоце Делчев“

петок, 26 јули 2019

Поради влегување во нова фаза на градежните активности околу реконструкцијата на дилатациите на мостот „Гоце Делчев“ од денеска има промена во сообраќајниот режим на дел од булеварот „Гоце Делчев“, соопштуваат од Град Скопје.

Во правец од ТЦ „Мавровка“ кон зградата на Владата ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни работи ќе се изведуваат на една сообраќајна лента (досега беа затворени две, а сообраќајот се одвиваше по една лента).

Во спротивната насока, односно, од Центар кон ТЦ „Мавровка“, пак, ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе работи.

Од Градот Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до привремениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат граѓаните да бидат трпеливи и да имаат разбирање поради отежнатото одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
 

Содржината е прочитана 129 пати.