Инфо

Се надминуваат техничките проблеми со сервисите на Комерцијална банка

петок, 26 јули 2019

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека со картичките издадени од Банката може да се вршат трансакции во трговија и на најголем дел од банкоматите.

„Наскоро ќе функционираат сите банкомати на Комерцијална банка. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе известиме“, соопшти денеска Комерцијална банка.

Корисниците на платежни картички на Комерцијална банка од вчера попладне се соочени со проблеми при плаќањето и при вадење пари од банкоматите. Од Банката веднаш излегоа со соопштение дека поради технички проблем не се достапни сите сервиси на банката.

„Се работи на негово најбрзо отстранување. Сите податоци и сите сметки на клиентите се безбедни. Се извинуваме за настанатата ситуација“, стоеше во вчерашното соопштение на Комерцијална банка.

Се очекува во текот на денешниот ден да бидат отстранети сите проблеми и сите сервиси на Банката да бидат во функција.
 

Содржината е прочитана 50 пати.